Поперсонализирано – Амин!

//Поперсонализирано – Амин!

Поперсонализирано – Амин!

[custom_frame_left][/custom_frame_left]

Компанијата Google сака да направи сервис, кој покрај класичното пребарување, ќе дава и релевантни резултати од вашата приватна пошта. Тоа значи дека ако барате “најдобра пицерија“ помеѓу резултатите може да се појави некој е-меил од ваш пријател во кој се спомнува некоја пицерија која тој ја фали, се вели во официјалниот блог на Google.

Оваа услуга е сеуште во рана фаза на развој, па компанијата ќе повика милион корисници да ја тестираат, по принципот “прв дојден – прв услужен“. Ако сакате да бидете дел од тој милион треба да се пријавите на време на овој линк https://www.google.com/experimental/gmailfieldtrial.

Инаку компанијата објави дека Knowledge Graph, станува глобално достапен. Се работи за база на податоци со повеќе од 500 милиони луѓе, места и нешта кои се меѓусебно поврзани на 3,5 милијарди начини, а кои за северно-американскиот пазар се достапни од мај оваа година. Обединетите информации се прикажани на десната страна на пребарувањето кое го дава Google и би можеле да ви понудат одговори на прашањата кои сеуште не сте ги поставиле.

Оваа база постепено ќе стане достапна и за другите држави со англиско говорно подрачје.

Производот е резултат на купувањето на компанијата Metaweb, која Google ја купи пред две години, како и повлекувањето на податоци од низата на бесплатни извори како што е, на пример, Wikipedia.

Што се донесува до земјите во кои не се зборува англиски јазик, од Google велат дека со задоволство би ја прошириле оваа услуга и за нив, но мора да завршат уште многу работа пред тоа да биде возможно.

[custom_frame_center]Поперсонализирано – Амин![/custom_frame_center]

Превземено: www.idividi.com.mk

Датум на објавата: 13.08.2012

By | 2012-08-14T12:12:03+00:00 14/08/2012|Информатичка технологија|