Полесен транзит, увоз и извоз на земјоделски производи меѓу Македонија и Црна Гора. Денеска министерот за земјоделство Димовски со неговиот црногорски колега Милошевиќ потпишаа спогодба за фитосанитарна соработка.
Помалку време за чекање на граничните премини ќе потрошат земјоделците за увоз, транзит и извоз меѓу Македонија и Црна Гора, со што ќе се унапреди агро бизнисот на двете земји.
Ова го потврдија министрите за земјоделство на Македонија и Црна Гора, по потпишувањто на договорот за соработка од областа на фитосанитарната политика.
Со спогодбата очекуваме таму се договоривме да ги интензивираме контактите помеѓу двете надлежни институции во двете држави во делот на фитосанитарните политики, рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство.
Црна Гора е еден од најголемите увозници на Македонија. Доматот е на прво место. Колку за потсетување Црна Гора лани увезла 4 милиони прехрамбени производи, односно 12 милиони евра, вели црногорскиот министерот за земјоделство.
Сигурен сум дека на овој начин ќе ја унапредиме нашата соработка, ќе го олесниме протоколот на стока и истовремено да го намалиме времето на задржување на таа стока на двете страни на границата.
Спогодбата важи 5 години и ќе се продолжува за натамошни едногодишни периоди, се додека една од страните не ја откаже во пишана форма најмалку 6 месеци пред престанување на важењето.
Македонија неодамна потпиша Спогодба за фитосанитарна соработка и со Србија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=WiOCCPJfYpE
Превземено: Сител
Датум на објавата: 22.06.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Борис Грујоски