Повеќе Зони, Повеќе Инвеститори, Повеќе Работни Места

//Повеќе Зони, Повеќе Инвеститори, Повеќе Работни Места

Повеќе Зони, Повеќе Инвеститори, Повеќе Работни Места

Почна изградбата на уште една развојна зона во Република Македонија. Овој пат, каментемелник е ставен во Гевгелиско, кај локалитетот Прдејци, со што ќе се овозможат услови за влез на покрупни инвеститори во гевгелискиот регион кои треба да отворат голем број нови работни места. Зоната ќе опсраќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е75 каде се определени 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности.

Во изминатите неколку години преземавме низа мерки за подобрување на бизнисклимата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Покрај нашите предлози и идеи ги интегриравме и најдобрите искуства на многу успешни земји, како и препораките од Светската банка, ММФ, ОЕЦД и повеќе други со што голем број меѓународни компании веќе почнаа со инвестирање и работа преку нови гринрилд инвестиции, но и преку инвестиции од постоечки компании и капацитети  рече премиерот Никола Груевски.

Тој рече дека поттикнати од тоа како Влада решиле покрај зоните во Скопје и Штип да изградат уште осум слободни индустриски зони чија изградба е зацртана во програмата на Владата.

Директорот на Дирекцијата за технолошкоиндустриски развојни зони, Виктор Мизо во обраќањето пред присутните рече дека врз изборот на оваа локација влијаела претходно извршената анализа на можностите за просторен развој, како што се поврзаност со правецот Скопје-Солун, веднаш до клучката Прдејци, близината на градовите Гевгелија и Струмица, близината на границата со Република Грција и Солунското пристаниште, можностите за поврзување на инфраструктурните водови за снабдување со енергија и телекомуникации и за изнесување на отпадните води од локалитетот, како и добрите микро-климатски услови со интензивно проветрување.

Изградбата на Технолошко-индустриската развојна зона „Гевгелија” ќе овозможи не само зголемување на странскиот капитал, туку и развој на вистинските вредности како што е трансрерот на технологии, и на знаењето и експертизата на компаниите, а сето тоа ќе значи регионален економски развој, како и забрзување на растот и економијата воопшто, креирање на нови работни места зголемување на конкурентноста во меѓународната трговска размена и зголемување на извозот  додаде Мизо.

Осврнувајќи се на објавениот годишен извештај на ИВМ во кој се посочува на зголемувањето на бројот на работни места и инвестиции во Македонија е уште една меѓународна веририкација на она што се случува во последните години во државата, премиерот Груевски истакна дека и покрај тешката економска криза со огромните напори што ги прави Владата, земјава има сериозен напредок во привлекувањето инвестиции како домашни така и странски.

Јас не се сеќавам кога Македонија имала под 300 илјади невработени. Тоа е еден тренд, тоа не е доволно, јас не велам дека тоа е доволно и дека сме ја завршиле работата. Тоа е добар тренд кој треба да продолжи и со изградбата на вакви зони како што е оваа во Гевгелија и уште останатите 14 зони што почнавме да ги градиме или почнуваме во наредните неколку месеци. Тој тренд ќе продолжи, особено откако ќе стивнат последиците и уделот на европската должничка криза бидејќи нашата економија е силно поврзана со европската економија каде што владее силна должничка криза, односно економска криза и рецесија во еврозоната  додаде премиерот.

[custom_frame_center]Повеќе Зони, Повеќе Инвеститори, Повеќе Работни Места[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 24.12.2012

Автор: С.Бл.

By | 2012-12-24T07:03:11+00:00 24/12/2012|Економија|