Претставена Стратегија за Развој на Млекарството

//Претставена Стратегија за Развој на Млекарството

Претставена Стратегија за Развој на Млекарството

Министерството за земјоделство ја претстави стратегијата за развој на мекарството според која во иднина субвенциите ќе се делат по квалитет а не по литар. Ова е само една од мерките која ќе се преземе за подигање на квалитетот на млекото на ниво на европските стандарди.

Само 9 проценти од домашното млеко ги задоволува европските стандарди за квалитет. Ова според науката и министерството за земјоделство во наредните 7 години ќе се подобри со помош на стратегијата според која, субвенциите наместо по литар да се доделуваат според квалитетот на млекото. Сточарите ќе имаат 2 години да се прилагодат кон производство кое ќе ги задоволува стандардите.

Се зголемува бројот на анализи и тоа драстично доаѓа до зголемување но сеуште не се дојдени до покривање на сите партнери. Во однос за да зборуваме делосно каков е квалитетот неможеме да дадеме конечна бројка но веќе имаме скоро 9% исполнување на европските нормативи, рече Соња Србиновска, професор на факултет за земјоделски науки.

Ќе одиме постепено за 2 години тоа млеко да го поделиме по квалитет и врз основа на квалитетот кој што ќе го содржи млекото ќе бидат исплатени субвенции многу повеќе од овие што се сега. Значи од 3.5, 4.5 денари за прва класа за втора класа помалку за трета класа уште помалку, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

За целосна контрола на млекото според Димовски ќе треба да се дуплира бројот на лаборатории при што најави отварање и акредитација на уште две нови тела. Според земјоделците и науката пак стандардите ќе можат да се постигнат само ако се внимава на хигиената со обезбедување на добра храна која ќе ја трошат високогенетски грла.

Посебен стимул за да ги добиеме овие резултати ќе бидат и цената на млекото затоа што и тоа ќе се плаќа по квалитет и самите работодавачи ќе го плаќаат млекото по квалитет но и субвенциите ќе бидат по квалитет, изјави Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев.

Во 2008 година малиот број на анализи покажале дека само 2 отсто од млекото ги задоволува европските стандарди.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 08.11.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Борче Пауновски

By | 2012-11-09T04:22:41+00:00 09/11/2012|Млеко|