БиМилк ќе го одбележи Светскиот ден на училишното млеко

/, Млеко/БиМилк ќе го одбележи Светскиот ден на училишното млеко

БиМилк ќе го одбележи Светскиот ден на училишното млеко

По повод одбележувањето на Светскиот ден на училишното млеко, в среда компанијата БиМилк ќе организира дружење со деца од повеќе основни училишта. Овој светски ден, кој традиционално се одбележува од 2000 година во голем број земји во светот, претставува одлична шанса за искажување на важностa на млекото во секојдневната исхрана на децата на училишна возраст.

БиМилк одлучи првпат во Македонија да го прослави Светскиот ден на училишното млеко. Компанијата за сите ученици од избраните основни училишта подготви многу забавни и едукативни игри, како и многу млеко и млечни производи. На манифестацијата децата од битолските основни училишта ќе имаат можност да ги претстават своите литературни и ликовни изработки, преку кои ќе ги презентираат своите размислувања за – млекото.

„Грижата за децата и нивниот правилен раст и развој, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден е извонредна можност да се дружиме со школските деца и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено да им даруваме и млеко и млечни производи кои даваат енергија и помагаат полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и во иднина ќе се труди да укажува на важноста од здравите прехранбени навики и да внесува што е можно повеќе радост во детските срца ”, изјави Поликсена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.

[custom_frame_center]БиМилк ќе го одбележи Светскиот ден на училишното млеко[/custom_frame_center]

Извор: www.mkd.mk

Датум на објава: 25.09.2012

By | 2012-09-25T11:07:56+00:00 25/09/2012|Здравство, Млеко|