Распродадени 11 Проценти од Капиталот на Окта

//Распродадени 11 Проценти од Капиталот на Окта

Распродадени 11 Проценти од Капиталот на Окта

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување вчера по незначителни цени го продаде својот капитал во рафинеријата „Окта” Станува збор за 11 проценти од вкупниот капитал на оваа компанија. На првиот ден од трите предвидени јавни берзански аукција, на кои освен во „Окта” ПИОМ продава акции и во други компании, се распродаде сето понудено од рафинеријата. За оваа компанија практично имаше и најголем интерес.

Не се соопштува кој е купувачот на акциите, иако не се исклучува да бидат и повеќе инвеститори оти акциите може да се купат и на парче. ПИОМ вчера продаде 72. 000 обични акции од „Окта” за 410 денари за една акција и 21. 561 при  оритетна акција за 455 денари, што значи дека од продажбата инкасира околу 730. 000 евра.

Продажната цена беше 394 денари или 6, 39 евра. ПИОМ досега поседуваше 8, 77 отсто обични акции, што заедно со приоритетните прават вкупно 11 проценти од акционерскиот капитал во  компанијата. Според досегашната акционерска структура, најголем акционер и доминантен сопственик е грчки „ЕЛ. П. ЕТ Балканики” фирма во доминантна сопственост на Хеленик петролеум” која поседува 81, 51 отсто од акациите. Преостанатите 18, 49 отсто досега беа на ПИОМ и на вработените.

Моментно просечната цена на акцијата на „Окта” на берза е  590 денари.

[custom_frame_center]Распродадени 11 Проценти од Капиталот на Окта[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 10.01.2013

Автор: А.Т.

By | 2013-01-10T07:40:13+00:00 10/01/2013|Нафтени деривати|