По повод одбележување на корпоративниот ден на Групацијата Сава Ре, чии членки вршат дејности од областите на реосигурување, животно и неживотно осигурување, македонската членка Сава осигурување а.д. Скопје ќе донира спортска опрема за кошарка, одбојка, ракомет, фудбал и пинг-понг во основното училиште „Димче Ангелов-Габерот” во Демир Капија.
Под мотото „Вистинскиот спортист е совесен екологист”, ќе се одиграат пријателски натпревари во фудбал и пинг-понг меѓу екипи на училиштето, амбасадата на Република Словенија во Македонија и вработените во компанијата.
„Мисијата на Групацијата Сава Ре е да го поддржува животот преку одговорен однос кон околината во која живееме и работиме. Сава Ре го носи името на најдолгата река во Словенија, која тече низ регионот во кој се наоѓаат поголем дел од членките на Групацијата, а водата на многу начини го симболизира животот. Од друга страна, Демир Капија е место во Македонија во кое некогаш постоела словенечка колонија, што за нас претставува дополнителен мотив за анимирање и подобрување на животот на младите во Демир Капија”, потенцира извршниот директор на Сава осигурување а.д. Скопје, Петер Скварча.
Сава Осигурување е една од водечките осигурителни компании во нашата држава, стратешки партнер со најголемата реосигурителна компанија во Словенија – Сава Ре. Компанијата има 18 години искуство и близу 400 илјади активни полиси и пазарен удел од речиси 13 отсто.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 20.03.2012