Банките потфрлиле на стрес тестот за отпорност во третиот квартал. Што покажува последното тестирање на банкарскиот сектор што го изврши Народната банка.
Банките потфрлија на стрес тестот за отпорност во третиот квартал. Последното тестирање на банкарскиот сектор што го изврши Народната банка покажува дека банките имаат послаби резултати во споредба со вториот квартал.
Спроведените симулации за тестирање на отпорноста на банкарскиот сектор и на одделни банки во земјава на симулирани шокови, упатуваат на малку послаби резултати во споредба со крајот на вториот квартал оваа година, се вели во најновиот извештај на Ценрталната банка.
Заклучно со септември оваа година, вкупната актива на банкарскиот систем изнесуваше 339 милијарди денари. Во третиот квартал од 2012 година, вкупните активности на банкарскиот систем стагнираа со минимален квартален пад од 16 милиони денари.
Но она што забележува НБРМ е тоа што, годишната стапка на раст на активата забавува веќе неколку квартали по ред, при што во третиот квартал оваа година е најниска во последните две години.
Кредитната активност расте и во третиот квартал но со забавено темпо, нивото на ризични кредити се искачи на речиси 11%.
Преку стрес тестот се испитувало на влијанието и последиците на кризата во словенечката економија.
Превземено: Канал 5
Датум на објавата: 30.12.2012
Термин: 18.00 часот
Автор: Кире Коцевски