Сковин стана единствената ви-нарија во Македонија која го доби признанието Супербренд на Маке-донија 2011-2012 како резултат на стабилниот раст во производството и квалитетот, постојано воведу-вање нови производи, освојување награди на меѓународни винарски натпревари и редовна исплата на обврските кон лозарите.
Изминативе години Сковин беле-жи постојано ширење на својот асортиман. На пазарот лансираше 4 нови вина, додека старите се здо-бија со награди на меѓународните енолошки натпревари за мускат, каберне совињон, мерлот.
Сковин е винарска визба со 33-годишна традиција на производство на висококвалитетно вино и винар-ски производи, со годишно произ-водство од над 10 милиони литри вино, кое го извезува во повеќе од 15 земји во светот.
Винаријата произведува чисто органско вино санџовезе од серти-фицирани органски насади. Во те-кот на 2012 Винарницата планира лансирање на неколку нови, како и цела нова линија на барик-вина.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
датум на објава: 14.05.2012