Соларниот полнач е со уникатен дизајн и ќе работи по принципот на конвертирање на сончевата енергија во електрична преку фотонапонски панели. Изработен е како независен островски систем кој ќе служи за напојување на мобилните телефони како и за осветлување на објектот.
На плоштадот Македонија, во непосредна близина на споменикот на Јустинијан Први, вчера скопјани за прв пат бесплатно си ги наполнија своите мобилни телефони користејќи ја сончевата енергија.
Соларен полнач со уникатен дизајн кој ќе работи по принципот на конвертирање на сончевата енергија во електрична изминатиот ден беше поставен на плоштадот Македонија.
Пуштањето на првиот јавен универзален полнач за мобилни телефони на сончева енергија во Македонија заедно го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор и Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на Македонија.
Градоначалникот на Скопје, Трајановски, најпрво се заблагодари за општествено одговорната компанија ВИП за инвестицијата од народен карактер. Тој напомена дека ќе продолжи да ги поддржува сите слични проекти што значат искористување на сончевата енергија.
Македонија е сончева земја, со многу голем број на убави денови кои во текот на годината овозможуваат рационално да се искористи сончевата енергија. Овој соларен полнач на мобилни телефони засега е единствен од ваков вид и со него можат да се полнат повеќе видови на мобилни телефони во исто време. Целта е бесплатно дополнување на мобилните телефони со енергија директно од сонцето, доволно за да си ги искористите вашите потреби со телефонот кој претходно ја потрошил енергијата во себе, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Соларниот полнач е со уникатен дизајн и ќе работи по принципот на конвертирање на сончевата енергија во електрична преку фотонапонски панели. Изработен е како независен островски систем кој ќе служи за напојување на мобилните телефони како и за осветлување на објектот.
Вип операторот како општествена компанија секогаш работи на активности кои ќе имаат конкретен бенефит, не само за корисниците на ВИП туку и за пошироката заедница. Соларниот полнач е токму таков проект, кој покрај тоа што е еколошки истиот има економски аспект, изјави извршниот директор на ВИП, Љушев.
Инаку целосната изработка на соларниот полнач е од страна на компанијата ХВ Солар Валкенерџи, компанија која менаџира, проектира и поставува модерни фотоволтаични системи со висок степен на искористливост и со точно утврден рок на отплаќање на инвестицијата. Проектот за поставување на соларен полнач е поддржан од страна на Град Скопје и Општина Центар.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 05.07.2012
Автор: Бисера Ловачева