Со „Вип” Летово Разговори за Денар Минута кон Сите Мрежи

//Со „Вип” Летово Разговори за Денар Минута кон Сите Мрежи

Со „Вип” Летово Разговори за Денар Минута кон Сите Мрежи

За сите нови или постојни припејд – корисници мобилниот оператор „Вип” овозможува разговори од 1 денар за минута кон сите национални мрежи во кое било време, со цена за воспоставување повик од 3,5 денари, доколку извршат надополнување со кој било износ на својата сметка. Новата можност се добива автоматски со самото надополнување, без притоа да се праќаат пораки, и има важност од една недела.

Со повторно надополнување, промоцијата, која важи до крајот на август, се продолжува. Паралелно припејд – корисниците на „Вип” имаат можност да зборуваат за нула денари кон целата мрежа на „Вип” доколку ја одберат неделната опција за бесплатни разговори по цена од 79 денари. Дополнителна предност за новите припејд – корисници е тоа што со купувањето припејд – картичка автоматски ги добиваат понудата за 1 денар минута кон сите мрежи и неделната опција за нула денари во мрежата на „Вип”.

[custom_frame_center]Со „Вип" Летово Разговори за Денар Минута кон Сите Мрежи[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 30.05.2012

By | 2012-05-30T07:22:17+00:00 30/05/2012|Телекомуникации|