Македонија годишно губи 34 милиони евра за што не призведува доволно сончоглед. Увозот на сурово масло достигнува 30 илјади тони. Од Стопанската комора со апел земјоделците да го зголемат производството на сончоглед.
Наспроти 90тите кога сончогледот се одгледувал на површина од 38 илјади хектари сега на одвај 8 илјади. Користејќи ги ниските царински стапки од членството во светската трговска организација Македонија сега увезува рафинирано масло со што се создаде недостиг на оваа агри култура за производство. Државата да го подобри системот на контрола на квалитетот на маслото и да се донесе нов правилник бараат преработувачите.
Упорно одиме по терен бараме бараме кооперанти, нудиме семенски материјал меѓутоа одзивот на земјоделците не е на она ниво на кое што можеме да го постигнеме, изјави Никола Варадинов.
Согласно заклучокот од состанокот да се донесе новиот правилник за масла и маст. Тоа е она што сакавме да ги изнесеме параметрите со вас да се запознеме во функција на објаснување на потребата или заклучокот да се врати сончогледот на македонските ниви, изјави Стојмирка Тасевска.
Македонија во овие услови остварува дефицит од 34 милиони евра по основ на увоз на рафинирано масло. Сепак од групацијата велат дека е рано да се прогнозира како ќе се движи цената на маслото.
httpv://www.youtube.com/watch?v=NFLeNPDBMmM
Превземено: МТВ1
Датум на објавата: 12.03.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Дијана Ценевска