Станбен кредит со 3,9% фиксна каматна стапка за првата година

//Станбен кредит со 3,9% фиксна каматна стапка за првата година

Станбен кредит со 3,9% фиксна каматна стапка за првата година

УНИБанка АД Скопје лансираше атрактивен станбен кредит со рок на отплата до 25 години и со најповолна каматна стапка на пазарот од само 3,9% која е фиксна за првата година на отплата на кредитот. Средствата од кредитот може да се искористат за купување на нов или стар стан од физичко или правно лице, за купување на куќа со земјиште, за градење или доградба на куќа, како и за рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Промотивните услови кои ќе траат до 30 јуни се наменети за клиентите кои ја земаат својата плата преку УНИБанка. Клиентите кои во моментот на аплицирање не ја земаат платата преку УНИБанка имаат право да достават барање за намалување на каматната стапка на исплатениот кредит, доколку ја пренесат својата плата во УНИБанка и истата ја земаат најмалку два месеци во континуитет.

“Оваа сезона продолжуваме со понудата на кредити со исклучително ниски каматни стапки наменети за граѓаните. По ненаменскиот потрошувачки кредит со најниска каматна стапка 5,9% фиксна за првата година, одиме чекор понатаму нудејќи нов станбен кредит повторно со најповолна каматна стапка 3,9% која е исто така фиксна за првата година на отплата на кредитот. Оние кои мечтаеле за свој дом, за дом од соништата, сега е вистинскиот момент со помош на УНИБанка, своите соништа да ги претворат во реалност“, изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.

[custom_frame_center]FLAER STANBEN KREDIT[/custom_frame_center]

Датум на објава: 30.05.2013

By | 2013-05-30T14:23:11+00:00 30/05/2013|Банки|