Ставрески по Инвестиции во Русија

//Ставрески по Инвестиции во Русија

Ставрески по Инвестиции во Русија

Македонските инвестициски можности од денеска до 12-ти овој месец ќе бидат презентирани во Руската Федерација, од владин тим предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владиниот економски тим, во кој е и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, и директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриските зони Виктор Мизо, презентациите ќе ги почне во Ростов, потоа ќе следува презентација пред бизнисмените во Краснодар и посетата ќе се заокружи со престој и претставување на можностите за правење бизнис во Македонија во Сочи.

Македонија и Руската Федерација остваруваат интензивна економска соработка, а најмногу во однос на трговската размена, која минатата година изнесува над 700 милиони американски долари и бележи зголемување од 30-тина проценти во однос на претходната година.

Извозот од Македонија во Русија бележи рекордно зголемување од 140 отсто, а увозот од Русија во Македонија околу 28,7 отсто.

Најмногу сме извезувале лекови за малопродажба, овошје и зеленчук, феросилициум, делови и прибор за каросерии, производи од камен или други минерални материи и други машини, уреди и опрема и други делови и прибор за моторни возила. Во Русија се врши и извоз на вино. Македонија од Русија најмногу увезува нафта и масла добиени од битуменозни минерали, природен гас во гасовита состојба, плоснато валани производи од железо или нелегиран челик, други производи од железо од руда, друг камен јаглен, неагломериран, пропан течен. Од почетокот на годината вкупната трговска размена е околу 130 милиони долари.

Инвестициите од Русија во Македонија минатата година изнесуваат 5,19 милиони евра. Со оглед на економскиот и инвестициски потенцијал на оваа држава, обемот на странски директни инвестиции се смета дека е мал.

[custom_frame_center]Ставрески по Инвестиции во Русија[/custom_frame_center]

Превземено: www.zurnal.mk

Датум на објавата: 08.04.2012

By | 2012-04-09T04:26:46+00:00 09/04/2012|Економија|