Стигнаа Катарците

//Стигнаа Катарците

Стигнаа Катарците

Инвеститорите од Катар пристигнаа во земјава. Вчера имаа средби со речиси сите владини министри на кои ги слуш-нале деталите за големите владини проекти. Повторно биле разгледани докапитализацијата на ЕЛЕМ, за која Катарците пројавија интерес при последната посета на премиерот во Катар, како и за изградба на бензински пумпи, за инвестиции во рударство и експлоатација на минерални суровини и геотермалните води.

Вчера доцна попладнето катарските бизнисмени се сретнаа и со премиерот Никола Груевски. По средбата, директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо, изјави дека во земјава дошле 13 претставници на државни катарски компании кои ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија. Најинтересни за катрските бизнисмени е изградбата на бензински пумпи, за што ќе разгледувале локации во околината на Скопје и во другите градови. „Катар ервејс” ќе ги испитува можностите за воведување директна авионска линија Скопје-Доха. Имало интересирање и за производство и преработка на храна, како и за инвестирање во недвижен имот. Катарските бизнисмени денеска ќе посетат повеќе локации во земјава, врзани за потенцијалниот интерес за инвестирање во земјава.

Инаку, катарските туроператори пак, кои требаше да пристигнат вчера во земјава, поради проблеми со летот во Истанбул, ќе дојдат утре. Претставници на повеќе ком пании, како „Катар петролеум”, „Катар диар”, Катар холдинг”, претставени на различни нивоа, менаџери и советници, од вчера требаа да имаат официјални средби на кои ќе ги анализираат проек-тите за инвестирање што ќе ги претстави нашата страна.

Всушност, македонските турис-тички работници беа тие кои вчера со нетрпение и голем интерес го очекуваа доаѓањето на туроператорите од Катар за да ги разменат своите идеи и понуди за натамош-ната соработка. За жал, поради технички причини, како што информираа од Стопанската комо-ра, претставниците од Катар не успеаја да стасаат во земјава вчера. Сепак, состанок ќе има и тој ќе се одржи утре попладне во Комората.

Катарските туристички работници ќе престојуваат во Македонија три дена. Прво ќе имаат работна средба во Комората со македонски туристички претставници, на која ќе си разменат информации, а ќе биде направена и презентација на нашите туристички можности и потенцијали и ќе бидат поделени и брошури и други пишани материјали. Гостите од Катар потоа ќе ги посетат Охрид и Битола, при што попатно ќе се задржат на повеќе туристички локации. Ќе ги посетат хотелите, “Молика” во Битола, каде што и ќе преспијат, и „Монтана” во Крушево, а ќе ручаат во ресторанот„Македонска куќа” во Прилеп.

„Повеќето домашни туристички организации и претставници веќе имаат горе-долу информации за катарските туроператори што ке дојдат, и обратно. Што значи го-лем дел од нив веќе знаат кои се и што се и сега директно ќе имаат контакти. Интересот од двете стра-ни е голем. Во Здружението за угостителство и туризам во Комо-рата за работниот состанок веќе се пријавија околу 10 туристички агенции, како и претставници од 3 хотели и две бањи, „Катлановска” и ,ЈТегорци”, а имаше и многу ту-ристички работници кои индиви-дуалцо се најавија и рекоа дека са-каат да присуствуваат на средба-та”, вели Лазо Ангелевски од Здру-жението.

Инаку, посетата на туроперато-рите од Катар е во организација на Агенцијата за промоција на туризмот.

[custom_frame_center]Стигнаа Катарците[/custom_frame_center]

 Извор: Утрински Весник

Автор: Маја Томиќ

Датум на објава: 08.07.2012

 

 

 

By | 2012-05-08T07:49:06+00:00 08/05/2012|Економија|