„Стопанска банка, Битола“ со 7,7 милиони евра нето загуба во 2011

//„Стопанска банка, Битола“ со 7,7 милиони евра нето загуба во 2011

„Стопанска банка, Битола“ со 7,7 милиони евра нето загуба во 2011

„Стопанска банка, Битола“ покажа нето загуба од 476,5 милиони денари (7,7 милиони евра) лани откако имаше нето добивка од 15,6 милиони денари во 2010 година, се вели во неконсолидираниот финансиски извештај на компанијата.

Нето приходите од камати бележат пад од 18,8 отсто, нето приходите од провизии и надоместоци пад од 28,9 отсто. Сепак, најзначајна ставка со најголемо влијание врз ваквите финансиски резултати имаат загубите поради оштетување на средства дадени кај кредити и вложувања, или со други зборови, лошите кредити за кои резервациите се зголемени за над два и пол пати и тоа од 150 милиони денари преклани на 536 милиони денари лани. Оваа сума е значителна за банка како „Стопанска, Битола“ зашто е речиси двапати поголема од нето приходите од камати и оние од провизии и тоа заедно.

Во секој случај, во ретко обемното, јасно и искрено образложение на финансиските резултати, каде што компаниите по правило гледаат да кажат што помалку можат, „Стопанска, Битола“ јасно ги наведува причините, истакнувајќи дека голема улога во ваквите финансиски резултати игра „имобилната актива изразена во преземените средства за наплата на ненаплатените побарувања (деловен и станбен простор, опрема, акции и други подвижни предмети), која достигна вредност од 667,9 милиони денари или 9,8 отсто од вкупната актива, при што оваа актива не генерира приходи.“

Со ова уште еднаш се покажува дека ни банките не сакаат да запленуваат имоти и други предмети, кои не така лесно се претвораат во готовина и тоа и зашто им влијае врз ликвидноста и зашто нивното претворање во готовина е скапо и изискува време.

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 05.03.2012

By | 2012-03-06T06:42:52+00:00 06/03/2012|Банки|