Стопанска банка Скопје ги намали каматите, но не кажа за колку

//Стопанска банка Скопје ги намали каматите, но не кажа за колку

Стопанска банка Скопје ги намали каматите, но не кажа за колку

Стопанска банка АД – Скопје ги намали каматните стапки на денарските кредити за население и ги прилагоди каматните стапки на денарските и депозитите во странска валута.

Како што соопшти банката, ова прилагодување на каматните стапки го направила како резултат на  намалувањето на референтната стапка од страна на Народната банка на Македонија.

Од Банката не прецизираат точно колку се намалуваат каматните стапки и посочуваат клиентите информациите да ги побараат на Контакт центарот (02) 3100 109.

Стопанска банка соопшти и дека  нуди трајни поволности и попусти за клиентите корисници на пакетот ПЛАТА+ кои платата ја примаат на трансакциска сметка во банката.

[custom_frame_center]Стопанска банка Скопје ги намали каматите, но не кажа за колку[/custom_frame_center]

Извор:  www.plusinfo.mk

Датум на објава: 02.01.2014

By | 2014-01-02T16:01:01+00:00 02/01/2014|Банки|