Турски Компании Го Меркаат ЕМО

//Турски Компании Го Меркаат ЕМО

Турски Компании Го Меркаат ЕМО

Новата реорганизација и финансиската консолидација треба да го направи загубарот поинтересен за странските партнери. ОХРИД  ЕМО од Охрид, некогашниот гигант на електроиндустријата со над 3.000 вработени и фабрики во десетина македонски градови, по неколкуте пропаднати тендери за негово купување и натаму чека странски инвеститор што ќе го рестартира во вистинска смисла на зборот. Последни за фабриката се заинтересираа турски компании. Кон крајот на март оваа година бизнисмени од Турција ја посетија фабриката каде што ја скенирале состојбата, но и можноста да ја купат. Загубарот не се продаде ниту по шестерашишани тендери. Новата реорганизација на фабриката според владините мерки, треба да ја олесни работата и ЕМО конечно да стане поинтересен за странските партнери. Компанијата постепено закрепнува и финансиски откако Владата обезбеди 70 отсто од средствата со кои треба да се исплатат работниците. Оние што се уште се работно ангажирани, веќе примија дел од заостанатите плати до максимум од 2.300 евра за секој вработен. За друштвата кои подолг период не работеле, максималниот износ кој ќе го добие секој вработен ќе биде до 1.000 евра. Досега се исплатени 600 работници. Вработените веќе примија дел од заостанатите плати најмногу до 2.300 евра за секој работник „Според акциониот план почна исплатата кон вработените во ЕМО и капитално поврзаните друштва. Моментално Владата обезбеди околу 70 отсто од предвидените средства, а останатите 30 отсто ќе се исплатат во следна рата. Со тоа ќе се намират околу 70 проценти од заостанатите плати, вели Зоран Филоски, генерален директор на ЕМО. Според раководството на фирмата, во наредниот период ќе следува реорганизација, односно сведување на оптимален број вработени, по што ќе се намируваат најголемите доверители на компанијата, со што се очекува фирмата да може непречено да работи. Пакетот мерки за спас на некогашниот најголем електроиндустриски капацитет кај нас, велат надлежните, е со цел фабриката да стане интересна за странските инвеститори. Директорот Филоски вели дека паралелно со активностите за надминување на проблемите биле потребни и ликвидни средства за набавка на репроматеријали. Засега за 4 фабрики е обезбедена работа, а во две од нив производите би биле наменети за извоз. На српскиот пазар ќе се извезуваат енергетски трансформатори и расклопни апарати. Другите активни фабрики, пак, би произведувале опремазаЕВН.

[custom_frame_center]Турски компании го меркаат ЕМО[/custom_frame_center]

Извор: Утрински Весник

датум на обвјава: 09.05.2012

By | 2012-05-09T08:28:53+00:00 09/05/2012|Економија|