УНИБанка Со Добивка Од 8,1 Милиони Денари (130.000 eвра) Во Првиот Квартал

//УНИБанка Со Добивка Од 8,1 Милиони Денари (130.000 eвра) Во Првиот Квартал

УНИБанка Со Добивка Од 8,1 Милиони Денари (130.000 eвра) Во Првиот Квартал

[custom_frame_left]9[/custom_frame_left] Заклучно со 31.03.2012 година, Вкупните нето приходи од банкарски операции забележуваат пораст од 1,27%  во однос на истиот период лани.

Вкупните банкарски приходи (камати, провизии и курсни разлики) изнесуваат 516,73  милиони денари, што претставува намалување од 2,31% (заради курсните разлики) во споредба со Март 2011 година (528,9  милиони денари).

Нето каматните приходи во однос на првиот квартал 2011 година се зголемени од 92,3 милиони денари на 96,5  милиони денари или за 4,62%.

Споредено со Март 2011 година, Нето некаматоносните приходи (Нето приходите од провизии и надомести и Нето курсните разлики) на кумулативна основа се намалени од 40,42  милиони денари на 37,84  милиони денари или за 6,38%.

Во првиот квартал од 2012 година Расходите за дејноста  се зголемени за 3,22% во однос на остиот период минатата година.

Нето активата на 31.03.2012 година достигнува ниво од 10.963,20 милиони денари, што значи зголемување на истата за 11,14% во однос на 31.03.2011 година (9.864,54 милиони денари).

Вкупните депозити бележат пораст (од 8.406,74  на 9.405,71 милиони денари) од 11,88% што пред се, е резултат на порастот на депозитите од население.  Имено, во периодот Март 2011 – Март 2012 депозитите на население се зголемиле од 6.064,45 милиони денари на 6.848,95 милиони денари односно за 12,93%.

Како резултат на се претходно наведено добивката на Банката за првиот квартал од 2012 година изнесува  8,1 милиони денари.

Горенаведеното го потврдува и големиот број на клиенти на УНИБанка кој во изминатата година пораснал за 6,79%.

И во текот на 2012 година УНИБанка го задржа лидерското водство во картичното работење со пазарно учество над 10%.

Политиката на Банката и понатаму останува да дава финансиска подршка на малите и средни претпријатија како и кредитирање на физичките лица.

Извор: www.pressclipping.com.mk

Датум на објава: 09.05.2012

By | 2012-05-09T11:58:26+00:00 09/05/2012|Банки|