Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија

//Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија

Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија

Уште еднаш Британците од Џонсон Мети ја избраа Македонија за да инвестираат во производството на катализатори. Досегашниот извоз вреден 640 милиони евра годишно било пресудно да вложат нови 60 милиони и да вработат уште 100 работници во новите погони на Бунарѕхик. Шест милиони катализатори произведени во Бунарџик, над 640 милиони евра годишен извоз, квалификувани кадри, ова се само дел од аргументите на Британците од Џонсон Мети зошто по две години бизнис во Македонија инвестираат нови 60 милиони евра. Компанијата го постави камен темелникот на новите производствени погони најсофистицирани според директорот за еколошки стандарди Лари Пентц.

Ми причинува задоволство што може да ви ја претстававм оваа инвестиција денес, во период на економска несигурност во Европа. Оваа инвестиција го рефлектира нашиот постојан успех во рамките на новите но И веќе етаблираните пазари на автомобилската индустрија И ја демонстрира нашата заложба да продолжиме да ги поддржуваме нашите клиенти со водечките производи обебзедени преку врвните погони.

Новиот погон ќе отвори дополнителни 100 работни места. Со над 120 милиони евра Џонсон Мети станува најголем гринфилд инвеститор со вкупно 500 вработени. Кога некоја компанија реинвестира во Македонија тоа значи дека е задоволна од почет-ната инвестиција од условите за работа, вели премиерот Груевски.

Претставниците на компанијата не се штедат да го споделат позитивното искуство во Макдонија И кон сите други странски инвеститори кои се во фаза на размислување И истражување да инвестираат во Македонија И чии претставници постојано се интересираат за бизнис-условите во Македонија. Ова за нас е особнео важно И за истото би сакал да изразам голема благодарност до претставниците на Џонсон Мети.

Ако се земе во предвид дека нивниот минатогодишен извоз е над 640 милиони долари, оваа втора фаза значи дека ќе имаме дуплирање на извозот кога таа ќе влезе во функција-рече Мизо.

Покрај Џонсон Мети во Бунарџик се и Џонсон Контролс, речиси готови се фабриките на Техно Хозе, Кемет Електроникс, Протек Груп, а според Груевски за неколку други инвестиции се прават подготовки.

 

httpv://youtu.be/V8cxF83GLHQ

 

МЕДИУМ: Канал 5

ДАТУМ НА ОБЈАВА: 09.05.2012

ЕМИСИЈА: Дневник

ТЕРМИН:18:25

By | 2012-05-10T08:40:50+00:00 10/05/2012|Економија|