Виена Иншуренс Груп Со Проширени Пазарни Позиции И Промени Во Раководната Структура

/, Осигурување/Виена Иншуренс Груп Со Проширени Пазарни Позиции И Промени Во Раководната Структура

Виена Иншуренс Груп Со Проширени Пазарни Позиции И Промени Во Раководната Структура

Објавените резултати за првиот квартал на деловната 2012 година на Виена Иншуренс Груп (ВИГ), најуспешната осигурителна групација во Централна и Источна Европа, покажуваат продолжување на тенденцијата на забележителен раст на полисираната премија, која за првите три месеци годинава изнесува 2,7 милијарди евра, како и зголемување на профитот на 151 милиони евра. Со тоа продолжува освојувањето на пазарот на осигурување во Централна и Источна Европа од страна на Групацијата.

Воедно, обврските на функцијата Генерален директор на Виена Иншуренс Груп, од 01 јуни 2012 ги презема г-дин Петер Хаген, досегашен Заменик Генерален директор на ВИГ и Генерален директор на ВИГ Ре, реосигурителната компанија во сопственост на Групацијата. Од врвната раководна позиција се повлекува г-дин Гинтер Гајер, кој ја водеше Групацијата во изминатите 11 години, и под чие раководство компанијата ги оствари најголемите успеси во историјата. Тој својата кариера ја продолжува како Претседател на УО на Wiener Stadtische Versicherungsverein, најголемиот акционер на Виена Иншуренс Груп.

„Благодарејќи на супериорниот менаџерски тим, Виена Иншуренс Груп е поставена на извонредни темели. Со своето искуство и одлучност, верувам дека Петер Хаген ќе одигра клучна улога во градењето на успешна иднина за ВИГ, а големата посветеност и резултатите на нашите вработени се гаранција дека Групацијата ќе ја задржи водечката улога на осигурителниот пазар на Централна и Источна Европа“ – изјави за таа прилика г-дин Гинтер Гајер.

Виена Иншуренс Груп во Македонија е присутна преку Винер Осигурување, најбрзо растечката домашна осигурителна компанија и Винер Лајф, компанија за животно осигурување. За првиот квартал од оваа деловна година Винер Осигурување ефектуира полисирана премија (приходи) од 209 милиони денари, односно раст од огромни 53% во однос на истиот период од минатата година.

[custom_frame_center]Виена Иншуренс Груп со проширени пазарни позиции и промени во раководната структура[/custom_frame_center]

Извор: www.kajgana.com

Датум на објава: 30.05.2012

 

By | 2012-05-30T11:24:01+00:00 30/05/2012|Економија, Осигурување|