Винер Животно Осигурување – 3Д за Луѓе и Деца

//Винер Животно Осигурување – 3Д за Луѓе и Деца

Винер Животно Осигурување – 3Д за Луѓе и Деца

Винер животно осигурување создаде нов производ, кој го именува како 3Д, со кои се нудат опции за можност за осигурување за сите категории на луѓе и деца. Тоа е всушност и уникатноста на 3Д производот- може да бидат осигурани новороденчиња, здрави лица, но и лица со нарушена здравствена состојба.

-Винер животно осигурување во креирање на секој нов производ вложува детално истражување и анализа за потребите на сите постојани и потенцијални осигуреници, така со секој нов производ сакаме да опфатиме што е можно повеќе различни категории на граѓани. Целта ни е за секој потенцијален корисник да имаме соодветна и прифатлива понуда. Животното осигурување, не е луксуз, тоа е производ кој што е потребен и неопходен за секого – изјави Дарко Дедиќ, член на УО на Винер Животно осигурување.

Во првата димензија, може да се осигураат деца до 14 години, а максималната возраст при истекот на осигурувањето е 20 години. За втората димензија, која е наменета за здрави лица, пристапната возраст за осигуреникот е од полни 14 до 60 години, а максималната возраст при истек на осигурувањето е 75 години. Третата димензија на овој производ е наменета лица каде има нарушување на здравствената состојба и намалена им е работната способност, како последица од тешки болести или телесни недостатоци.

[custom_frame_center]Винер Животно Осигурување - 3Д за Луѓе и Деца[/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 04.07.2012

By | 2012-07-05T06:30:57+00:00 05/07/2012|Осигурување|