Мобилниот оператор Вип во првите три месеци од годинава го зголеми бројот на претплатници за 18,5% во однос на истиот период лани. Со повеќе од 581.000 корисници Вип ја зајакна својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот, зголемувајќи го пазарниот удел од 21.5% на 26.1 % на крајот на март годинава. Компанијата соопшти дека приходите забележале пораст од 22.5% до 13.6 милиони евра како резултат на поголемиот број корисници и поголемиот сообраќај.
Заработката пред оданочување, камати, амортизација и депресијација (ЕБИТДД) има раст од негативни 0.4 милиони евра во првиот квартал од 2011 до позитивен износ од три милиони евра, пред се како резултат на зголемените приходи и намалувањето на оперативните трошоци.
Оперативна загуба е подобрена до 1.9 милиони евра во првиот квартал од 2012.
Задоволни сме од континуирани-от стабилен раст и развој на нашата компанија, благодарение на доверба-та која ја изградивме кај нашите ко-рисници и посветената работа на це-лиот тим на Вип. Во очекување на но-вите предизвици, Вип продолжува да ја реализира својата деловна страте-гија со цел да обезбеди секогаш пове-ќе вредност за македонските граѓани – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на Објава: 11.05.2012