Сите бизнис корисници кои ќе активираат нова линија или ќе го обноват договорот на 24 месеци на еден од тарифните модели Vip Free L, Vip Free XL или Vip Super Free, освен стандардните бесплатни минути во мрежата на Вип, добиваат и дополнителни 500 бесплатни минути кон сите национални мрежи.
Дополнително, сите бизнис корисници кои ќе го пренесат својот број од друг оператор во мрежата на Вип добиваат 20% попуст на месечната претплата, а за секој нов број со префикс на Вип попустот на месечната претплата изнесува 10%.
„Имајќи ја предвид потребата на бизнисите да имаат целосна контрола врз своите трошоци и потребата од неограничени разговори, Вип единствено ова лето им нуди на деловните корисници да одберат понуда која ќе им носи долгорочни заштеди на компаниите и флексибилност во комуникацијата. Веќе и стандардните понуди вклучуваат бесплатни разговори во мрежата на Вип, кон сите национални мрежи и бесплатни меѓународни разговори, а со одбирањето на летната понуда им нудиме на деловните корисници дополнителни 500 минути кон сите национални мрежи вклучени во претплатата. Со оваа најдобра деловна понуда на пазарот, уште еднаш докажуваме дека Вип им нуди секогаш повеќе на своите корисници”, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.
Новата бизнис понуда е достапна единствено ова лето од 2 јули до 31 август 2012 година, а бенефитите деловните корисници ги добиваат засекогаш.
Редовната цена на месечната претплата на Vip Free L, Vip Free XL или Vip Super изнесува 799, 1.499, односно 2.499 денари со вклучен ДДВ.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 02.07.2012