Вип со Постпеид Понуда во Новата 3Г ХСПА+ Мрежа

//Вип со Постпеид Понуда во Новата 3Г ХСПА+ Мрежа

Вип со Постпеид Понуда во Новата 3Г ХСПА+ Мрежа

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Вип оператор во четвртокот ја промовираше својата нова 3Г ХСПА+ (3G Evolved High-Speed Packet Access) мрежа и ги демонстрираше најновите технолошки подобрувања на 3Г стандардот.

Од компанијата информираат дека на самиот почеток на пуштањето на сопствената 3Г ХСПА+ мрежа Вип  обезбедил 90% покриеност на население во Република Македонија.

Брзината на трансфер на податоци во моментот е ограничена на максимум 21 Мбпс, но истата зависи од бројни параметри како што се физичката оддалеченост од базните станици, техничките ограничувања на терминалната опрема, корисничкиот профил, оптоварувањето во рамките на клетката итн, стои во соопштението.

Новата 3Г ХСПА+ мрежа на Вип е компатибилна во целост со мобилните уреди кои поддржуваат УМТС(UMTS) и/или ХСДПА/ХСПА+ (HSDPA/HSPA+) на 900 MHz, вклучувајќи ги и поголемиот број на паметни телефони кои ги има во понудата на Вип.

Генералниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, информираше дека во текот на минатата година Вип инвестирал околу 15 милиони евра во модернизација и зголемување на капaцитетите на сопствената мрежа.

„Пуштањето на сопствена 3Г ХСПА+ мрежа претставува едно ново поглавје во работењето на нашата компанија, кое ќе им донесе бројни бенефити на нашите корисници кои во блиска иднина може да очекуваат нови напредни и поволни производи и услуги“, изјави Љушев.

Промовирајќи ја новата 3Г ХСПА+ мрежа, по повод својот петти роденден, Вип ја претстави и специјалната роденденска тарифа за новите постпеид корисници, како и за оние кои ќе го продолжат својот договор на 24 месеци.

Оваа единствена понуда е со важност од еден месец и во овој период постпеид корисниците за месечна претплата од само 555 денари, добиваат бесплатни разговори од 1000 минути кон сите мрежи, бесплатни 1000 СМС пораки кон сите мрежи и вклучен интернет сообраќај од 1000 МБ месечно.

По надминувањето на бесплатните минути се тарифираат по 5,9 денари/минута и 4,9 ден СМС.  Интернет сообраќајот не се наплатува и по надминувањето на  1000 MБ, туку само се намалува брзината.

За целосно искористување на можностите од новата 3Г ХСПА+ мрежа, Вип им нуди на своите корисници и атрактивни 3Г апарати за 0 денари во рамки на роденденската промоција.

[custom_frame_center]Вип со Постпеид Понуда во Новата 3Г ХСПА+ Мрежа[/custom_frame_center]

Превземено: www.makfax.com.mk

Датум на објавата: 30.08.2012

By | 2012-08-31T05:56:09+00:00 31/08/2012|Телекомуникации|