Виталиа Со Халал Го Зголемува Извозот

//Виталиа Со Халал Го Зголемува Извозот

Виталиа Со Халал Го Зголемува Извозот

Производителот за здрава храна “Виталиа” го имплементираше Халал стандардот кој ги содржи барањата и прописите според шеријатската норма за произведување на храна со Халал квалитет.

Овој стандард се заснова пред се на производство на безбеден и здравствено исправен производ кој ги исполнува верските барања за производство на храна за потрошувачите со муслиманска вероисповед.

Халал е еден од 7-те најзначајни трендови во прехрамбената индустрија со потенцијален пазар од 1.8. милијарди муслимани во светот. Со тоа се отвори уште еден извозен канал во продажната мрежа на Виталиа.

Во присуство на реномираната Агенција за сертифицирање на Халал квалитет од Босна и Херцеговина, Виталиа успешно ја помина сертификацијата и се вброи во групата компании кои работат во согласност со принципите на Халал во Македонија.

[custom_frame_center]Виталиа со Халал го зголемува извозот[/custom_frame_center]

By | 2012-05-15T11:21:03+00:00 15/05/2012|Економија|