Од некои производи, колку и да се вкусни, мораме да се откажеме доколку не сакаме мазната кожа да се претвори во „кора од портокал“. Нутриционистите објаснуваат како нашиот организам прифаќа и складира одредени производи, така што тие што придонесуваат за таложење на масните наслаги треба да ги избегнуваме во широк лак.
На појавата на целулитот влијаат разни фактори: наследноста, хормонската нерамнотежа, неправилната исхрана и недоволното движење. Ако тоа е и ваш проблем, не внесувајте рафинирани шеќери, масти, како и сол, која придонесува за задржување на водата во организмот и го зголемува количеството течности во ткивата. Затоа избегнувајте ги продуктите што ги содржат овие состојки.
Кои се тие продукти? На оваа листа се наоѓаат чаденото месо и рибата, месните преработени производи, пршутата, морските плодови (школки и ракови), супата во коцки и од ќесичка, како и конзервираната храна.
Мастите, кои се составен дел на нашите клетки, се неопходни за добро здравје. Тие се прилично калорични и доколку мислите дека се наоѓаат само во масните продукти, во голема заблуда сте. Две третини масти што ги внесуваме во организмот потекнуваат од „скриени извори“, како што се црвеното месо, кексите и млечните производи.
Доколку сте на диета, избегнувајте ги сирењата со тврда кора или мувлосаните (горгонзола, рокфор), тортите и слатките, чипсот и останатите солени грицки, похованото месо и риба, мајонезот и сличните масни сосови и преливи, црните маслинки, сувото овошје, џемовите и жестоките пијалаци.
Освен одредена храна, и некои лекови поттикнуваат на создавање целулит. Избегнувајте ги лековите против болки, бидејќи придонесуваат за таложење на штетните отрови. Користете додатоци во исхраната, како витамин А, Ц и Е, бидејќи содржат антиоксиданси, кои се непријатели на целулитот.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.plusinfo.mk
Датум на објавата: 20.04.2012