На факултетот за информатички науки отворена т.н училница на 21 век. Наставниот процес ќе се подобрува со примена на најновите интерактивни технологии во светот а наставниците и учениците подобро ќе соработуваат и комуницираат велат во министерството за обрзование. Едукативниот центар во вредност од 60 илјади евра е донација на британска компанија.
Новите, таканаречени смарт интерактивни табли речиси во ништо не потсетуваат на досегашните, на кои се пишува со креда. Работи на допир на раката, со прстот, и овозможува многу поголемо активно учество на учениците во наставниот процес. Неколку вакви веќе има на факултетот Финки.
Овозможува да оние слајдови оние слики кои што ги имаме направено за предавање сега да добијат живост и да можеме на нив директно да цртаме да анимираме одредени работи. Она што е многу битно понатаму она што е нацртаното она што било на час направено на таблата може да се сними електронски да се сподели со сите студенти. Така да веќе тие немора да го прецртуваат тоа што го гледаат на табла туку едноставно тоа што го нацртал професорот и што било некакво раскажување во текот на часот како белешки можат да го користат потоа во спремањето и во учењето што се правело за време на часот, вели Димитар Трајанов, декан на ФИНКИ.
Во наредниот период наставниците од основно и средно образование ќе можат да се обучуваат за работа со овие табли во просториите на едукативниот центар кој е донација од компанијата Стелџес од Велика Британија.
Нивната цена е околу 1600 евра, а во нашите училишта ќе бидат инсталирани тогаш кога ќе има финасиски можности. Средствата ќе бидат одлучувачки и при набавката на интерактивните маси кои се користат за деца кои имаат проблем во учењето.
Таа дигитална маса подржува 80 допири во исто време и во ист момент можат да работат 8 дечиња колку што има место и да решаваат заеднички да ги решаваат проблемите дали е за спелување, дали е со бои, со звук, тоа е целта на интерактивната настава, рече Марика Бојмалијева регионален директор на Стелџес.
Овие табли ги користат околу 40 милиони ученици во светот. Скопје е ден од петте едукативни центри во регионот кои имаат вакви наставни интерактивни технологии.
Превземено: Телма
Датум на објавата: 10.09.2012
Термин: 18.30 часот
Автор: Сања Јовановиќ Дамјановска