Технолошкиот гигант Apple за првпат ја надмина вредноста од 600 милијарди долари, и ја потврди својата позиција како највредна американска компанија во светот.
Акциите на Apple во вторникот се искачија до 644 долари, иако само во февруари го надминаа прагот од 500 долари, пренесува BBC. Од почетокот на годината, акциите на Apple пораснаа за 60 проценти. Тоа е огромен раст за компанијата што во 1997 година беше пред стечај, а нејзините акции чинеа 3,19 долариw.
Главниот конкурент Microsoft сега вреди 260 милијарди долари, иако во својот врв, во 1999 година пазарната вредност на компанијата достигна 619 долари. Издигнувањето на Apple почна со враќањето на ко-основачот Стив Џобс, нивниот компјутер, а продолжи со преносниот музички плеер iPod, а приказната сега ја продолжуваат iPhone и iPad.
На крајот на минатата година, Apple објави дека има 97,6 милијарди долари во готовина. Парите, според најавите на извршниот директор Тим Кук ќе се користат за исплаќање дивиденди и откуп на дел од акциите.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: http: www.kanal77.com.mk
Датум на објава: 23.04.2012