Заеднички проект на `Витаминка` и УСАИД

//Заеднички проект на `Витаминка` и УСАИД

Заеднички проект на `Витаминка` и УСАИД

Во проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, се вклучи и `Витаминка`.

Проектот има за цел зголемување и зајакнување на капацитетите и квалитетот на малите и средните бизниси од Полог и Пелагонија за да може да станат добавувачи на големите фирми.

`Лидерската позиција на Витаминка како компанија е обврска плус за нас да се вклучиме во овој тип на проекти каде реално ќе може да помогнеме на стопанскиот сектор во земјава. Изминативе години докажавме дека една од основните цели на Витаминка како општествено одговорна компанија е да придонесе во развојот на локалната заедница каде опстојува и функционира. Со овој проект реално може да се помогне на малите и средни бизниси да одат чекор напред, да се развиваат и да опстојуваат во средина каде конкуренцијата е голема. Ние како компанија го имаме знаењето, искуството, можностите за развој што може да се имплементира во ланецот на добавувачи на Витаминка. Овој тип на соработка поставен на здрава основа со поддршка од УСАИД не може да не донесе позитивни резултати`,рече Сашо Наумоски, генерален менаџер на `Витаминка`.

Според УСАИД, соработката со `Витаминка` е многу значајна бидејќи е пилот проект од каде што треба да се идентификува што е тоа што во моментов се увезува, а со помош на проектот би можело локално да се набавува.

[custom_frame_center]Заеднички проект на `Витаминка` и УСАИД[/custom_frame_center]

  Извор: www.sky.mk

 Датум на објава: 30.07.2012

By | 2012-07-30T12:18:45+00:00 30/07/2012|Економија|