Антибиотик на Алкалоид ќе се продава во Германија, Франција и Австрија

/, Здравство/Антибиотик на Алкалоид ќе се продава во Германија, Франција и Австрија

Антибиотик на Алкалоид ќе се продава во Германија, Франција и Австрија

По процедура на анализи, проценки и проверки од страна на експертски тимови која траела три години, одобрен е пласманот на антибиотик на Алкалоид на пазарите на водечките европски економии, Германија, Франција и Австрија.
Станува збор за антибиотикот цефадроксил, во Македонија познат под името Алицеф, индициран за третирање на респираторни инфенкции, инфекции на кожата и меките ткива и уринарни инфекции.
Алкалоид АД Скопје на крајот од минатиот месец ја доби оваа прва дозвола за пласман на свој производ во трите силни европски економии. Целиот проект, од развој на лекот до комплетирањето на процедурата за авторизирање на истиот, траела околу 5 години. Проценката на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на овој антибиотик била предмет на анализа на над 40 експерти од сите Агенции за лекови на земјите вклучени во процедурата. Цефадроксилот на Алкалоид на пазарите во Германија, Франција и Австрија ќе биде достапен од септември годинава.
Алкалоид е извозно ориентирана компанија која над 60% од своето производство пласира во над 30 земји во светот преку своите 16 канцеларии надвор од Македонија.
[custom_frame_center]Антибиотик на Алкалоид ќе се продава во Германија, Франција и Австрија[/custom_frame_center]
Извор: www.kapital.mk
Датум на објава: 03.06.2013
By | 2013-06-03T15:02:17+00:00 03/06/2013|Економија, Здравство|