„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на лекови на пазарите на Заедницата на независни држави

//„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на лекови на пазарите на Заедницата на независни држави

„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на лекови на пазарите на Заедницата на независни држави

“Алкалоид“ доби дозвола за пласман на повеќе од 30 лека на пазарите на Заедницата на независни држави (ЗНД) –  Ерменија, Азербејџан, Грузија, Туркменистан… Истовремено, почнати се неколку проекти и во Казаxстан.

Првите продажби во овие земји треба да започнат до крајот на тековната или на почетокот на следната година.

ЗНД како регион кој глобално влегува во рамки на пазарите во развој, со себе носи многу специфики, особено во регулаторниот сегмент, каде критериумите за регистрација на лекови се движат од препознавање на европската регулатива, до крајно специфични национални барања.

Компанијата „Алкалоид“ е веќе присутна во Русија и Украина, каде има авторизации на околу 50 свои производи и активно врши продажби на овие пазари.

Со ова „Алкалоид“ ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба, соопштија од компанијата.

[custom_frame_center]„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на лекови на пазарите на Заедницата на независни држави[/custom_frame_center]

Извор:  www.mkd.mk

Датума на објава: 02.10.2013

By | 2013-10-02T13:17:01+00:00 02/10/2013|Здравство|