Од 9ти до 13ти мај ќе се одржи Третиот меѓународен когрес на студентите за медицински науки. Со него се планира стимулирање И покачување на свеста И интересот на студентите за медицински науки И за важноста за истражувањето И научните проекти. Организаторите од студентскиот парламент од ДУТ соопштија дека свеченото отварање ќе се одржи во Скопје, а потоа ќе продолжи во Струга И Тетово.
– Третиот меѓународен конгрес на студентите по медицински науки КИСЦОМС 3 Македонија 2012 има за цел обединуввање на студентите од разни места кои студираат медицински науки. Единствена организација со меѓународен научен карактер за влијанието на студентите по медицински науки, со цел кај нив да се содаде работна навика за активности И научни истражувања – изјави Јетмир Садику од Организацискиот одбор.
Претставникот од Организацискиот одбор од Косово рече дека заинтересираните, нивните трудови може да ги достават до 10ти мај.
– Сите научни трудови кои учесвуваат И кои како ментор или учесник имаат еден од членовите на Научниот комитет, членовите на Раководството или Организацискиот одбор нема да важат како конкурентни И како такви нема да бидат во трка за награда. За проценка на научните трудови одговорноста ќе ја има научниот комитет – изјави Башким Круезиу, претставник од Косово.
Конгресот се организира под покровителство на вицепремиерот Мусат Ѕафери, Ректорот на ДУТ Агрон Река, а медиумски е поддржан од Алсат М телевизија.
httpv://youtu.be/rxddDUBK4ew
МЕДИУМ: Алсат
ДАТУМ НА ОБЈАВА: 02.05.2012
ЕМИСИЈА: Вести
ТЕРМИН: 23.40
АВТОР: Мелекате Рустеми