Сител дознава Клиничкиот центар сам ќе прави инфузиони раствори за да ги намали трошоците и поефикасно да ги искористи вработените. Ова е само една од идеите за подобрување на финансиската состојба на службата за заеднички работи на клиничкиот центар во Скопје која број над 250 вработени.
Скопските клиники сами ќе произведуваат инфузионен раствор. Сител дознава дека ова е една од идеите на здравствените власти за зголемување на приходите на Службата за заеднички работи како и максимална искористеност на вработените.
Како што дознаваме, во погонот би биле ангажирани вишокот административци од клиниките и од службата.
Извори за Сител потврдуваат дека не е потребна голема инвестиција за опремување на просторот а во клиничкиот блок постои и лабораторија за проверка на растворот.
Ќе има и заштеди за клиниките и службата за заеднички работи бидејќи инфузијата нема да чини како сега кога ја набавуваат од веледрогерии.
-Погонот за инфузиони раствори би бил сместен во некој од објектите на Службата за заеднички работи. Надлежните дошле до оваа идеја по примерот на неколку соседни земји кои не купуваат туку имаат сопствено производстгво на инфузионен раствор.
И додека здравствените власти бараат чаре за вишокот административци, Службата за заеднички работи бара дополнителни вработувања.
Директорката за Сител изјави дека од 250 те вработени нема вишок, туку има потреба од нови инженери и хигиеничари.
Покрај погонот за инфузионен раствор, не е исклучена можноста и од прераспределба на вишокот кадар во установи кои имаат потреба од тоа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=V1hnhboLAdE
Превземено: Сител
Датум на објавата: 03.05.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Сања Димитровска