Интегрирана еколошка дозвола е потфат за кој Алкалоид вложи повеќе од половина милион евра, а е дел од усогласувањето со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето.
Алкалоид АД – Скопје ги почна подготовките за добивање Интегрираната еколошка дозвола уште во 2007 година. Денеска на генералниот директор на Алкалоид АД – Скопје, Живко Мукаетов дозволата му ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
Со добивањето на оваа дозвола Алкалоид АД – Скопје се вброи во листата на одговорни компании кои во текот на секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на животната средина, соопшти компанијата.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.mkd.mk
Датум на објава: 21.05.2012