Во февруари 2009 CITROËN се обврза на длабока трансформација на имиџот на марката истакнувајќи ја креативноста и сопствениот капацитет на иновации … Во овој контекст, CITROËN лансира нова линија на препознатливи производи како надополнување на главната гама, линијата DS. Оваа линија, денес е составена од CITROËN DS3, DS4 и DS5 и се однесува на клиенти кои се во потрага по радикални производи.
CITROËN DS5 сочинува нова етапа вo развојот на линијата DS. Иновативен и визионерски, се совпаѓа со потписот на марката ‘Créative Technologie’ и нуди афирмирање на стил, архитектура, сензации и елеганција. CITROËN DS5 претставува интелигентно уживање во возењето на едно исклучително возило. Уникатна креација, CITROËN DS5 изненадува и привлекува:
– со својот стил : аеродинамична скулптура која го изразува најдоброто од марката. Со автентични материјали од типот на кожа Club и алуминиум или пак оригинална изработка на седиштата во вид на ‘ременче од часовник’ која е отелотворение на најдоброто од луксузот на француски начин;
– со својот интелигентен дизајн: автомобил надвор од сите стандарди, кој нуди нова визија кон premium истакнувајќи се со својата реална компактност со сочувување на пространата внатрешност. Го надминува вообичаенот компромис меѓу естетиката и перформансите;
– со својата технологија. Ја содржи најдобрата технологија на CITROËN, како на пример: интелигентна контрола на пролизгувањето, ненамерно преминување на коловозната линија од втора генерација, автоматско вклучување / исклучување на светлата во зависност од сообраќајот – особено при ноќно возење, овие светла се користат 5 пати повеќе од вообичаено за поголема активна сигурност, прикажување на информациите на ветробранското истакло или пак камера за движење наназад. CITROËN DS5 ќе биде и првиот модел на марката со технологија full-hybrid Diesel – Hybrid4, кој истовремено ќе понуди перформанси (200 КС, погон на четири тркала), нови сензации во возењето (урбано електрично возење, boost при забрзување во mode sport) со намалена емисија до 99 g/km CO2 ;
– со однесување на патот: CITROËN DS5 овозможува возење кое истовремено е динамично и смирено во сите услови;
– со својот дух: генератор на имагинарноста, CITROËN DS5 ги кани патниците да доживеат искуство каде реалноста и сонот се испреплетуваат.
Линијата DS, составена од CITROËN DS3, DS4 и отсега DS5, се произведува во Франција а е комерцијализирана во целиот свет. Од 2012, CITROËN DS5 ќе биде комерцијализиран во Русија, Јужна Америка и во Кина.
Линија производи која уште ќе се збогатува …
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Датум на објава: 21.05.2012