Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони ги промовираше можностите за инвестирање во Република Македонија на настанот Automotive News Europe Congress кој се одржа во Монте Карло во периодот на 20 и 21 јуни, каде се промовираше со свој штанд.
Директорот Виктор Мизо оствари директни средби со петнаесетина производители на автомобилски компоненти.
Со дел од овие компании Дирекцијата е веќе во напредни фази на разговори за потенцијално инвестирање во РМ, а со останатите беа договорени презентации пред нивните стратегиски тимови во нивните централи, како и посети на Македонија.
На настанот учествуваа врвни компании за производство на автомобили и автомобилски компоненти претставувани од своите извршни директори меѓу кои OPEL, VOLVO, FIAT, RENАULT, PORSHE, FERRARI и како и повеќе консултантски куќи.
На конференцијата беа презентирани најновите трендови во автомобилската индустрија на европскиот и светскиот пазар како и очекувањата и производствените планови во услови на должничка криза во Европа.
Покрај Македонија, на конгресот учествуваа и други институции кои ги презентираа инвестиционите можности во Луизијана, Вирџинија и Србија.
Конгресот во Монте Карло е континуитет на Светскиот автомобилски конгрес кој се одржа во Детроит во јануари оваа година на кој беше претставена Македонија, а следниот конгрес е предвиден да се одржи во Истанбул во јуни 2013 година.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.kajgana.com
Датум на објавата: 22.06.2012