„Еуроимпекс” Отвори Нов Салон во Скопје

//„Еуроимпекс” Отвори Нов Салон во Скопје

„Еуроимпекс” Отвори Нов Салон во Скопје

Генералниот увозник на возилата „пежо” за Македонија, „Еуроимпекс”, отвори нов продажно – сервисен објект лоциран на улицата Скупи бб, позната како автомобилската улица во Скопје.

По тој повод изминатава сабота импортерот организираше тест – возење, при што потенцијалните клиенти и заинтересираните лица можеа да ја осетат удобноста и да уживаат во перформансите на шест возила од овој бренд.

На тествозењето на располагање беа моделите „пежо”  208, 207, 308, 3008 и 508, а импресивниот модел „пежо РЦЗ” во црна верзија, на самиот влез ги дочекуваше гостите подготвен за статичко презентирање кон лицата кои за тоа појавија интерес.

Новиот продажен објект уреден по најновите стандарди на брендот, во својата прегратка нуди седум возила за разгледување и презентирање, и тоа „пежо”  208, 207, 308, 3008 и 508, потоа „партнер тепее”, „бипер тепе” како и скутери „пежо вива сити” и „пежо спидфајт”.

На новата локација, „Еуроимпекс” освен продажен салон отвори и сервисен центар, со што се овозможува комплетна сервисна услуга што опфаќа повеќе сегменти како сервисирање, услуга за брз сервис, оригинални резервни делови и лимарско – фарбарски услуги.

[custom_frame_center]„Еуроимпекс" Отвори Нов Салон во Скопје[/custom_frame_center]

Превземено: Нова Македонија

Датум на објавата: 03.07.2012

By | 2012-07-03T04:01:58+00:00 03/07/2012|Автомобили|