Оперативни Зафати на Катаракта во Битолската Клиничка Болница

//Оперативни Зафати на Катаракта во Битолската Клиничка Болница

Оперативни Зафати на Катаракта во Битолската Клиничка Болница

Во битолската клиничка болница за неколку месеци редовно ќе се извршуваат оперативни зафати на катаракта според сите современи методи. Пациентот по еден ден престој во болница ќе се врати на секојдневните обврски.

Имплементацијата на современата оперативна метода факум музикација за катаракта деновиве започна и ноќното одделение на битолската клиничка болница. Предноста на оваа метода која ексклузивно се воведува во оваа медицинска установа прв ја почувствува 80 годишниот Јован Илиевски.

Имаме работено порано со сите доктори со сите лекари алал да му е… сега 80 години сум на 80 години прогледав како дете мало.

Оперативниот зафат го изведоа нашите познати стручњаци Дејан Ставровиќ и Наум Ставрески од очната клиника и општата болница во Скопје. Тие се убедени дека за неколку месеци ќе успеат да ги обучат колегите од битолското очно одделение за да потоа оваа метода биде стандардна процедура.

Се надеваме во најскоро време збориме за период од месеци да се воведе стандардизирано во Битола каде што лекарите ќе ја прифатат и ќе ја практикуваат оваа метода која е пред се корисна за пациентите затоа што претставува многу комотна хирургија еднодневна, изјави Дејан Ставровиќ, очна клиника Скопје.

Иницијатива голема, желба и ентизијазам препознавме кај колегите од Битола, препознавме исто кај менаџментот на болницата. Знаењето не е само да се знае треба и да се даде, изјави Наум Ставрески, очна болница 8 септември.

Сето ова уште еднаш докажува од колкаво значење беше големиот владин тендер за набавка на најсофистицирана медицинска опрема. Ако се знае дека таа соодветно е споредена и по другите одделенија тогаш за очекување во следниот период често слушаме за унапредување и на други современи методи кои ќе бидат пред се во интерес на пациентите.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Ff_Z00KATxY

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 15.07.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Стевче Митревски

By | 2012-07-16T06:20:27+00:00 16/07/2012|Здравство|