Тојота планира поголема продажба

//Тојота планира поголема продажба

Тојота планира поголема продажба

Јапонскиот производител на возила Тојота соопшти во петок дека го зголемил планот за продажба во светот за оваа година за 23 отсто, на 9,76 милиони автомобили, јавува АП.

Зголемувањето на продажбата е клуч на опоравувањето на Тојота по 2011 година, одбележана со пад на продажбата заради прекинот на производството по земјотресот и цунамито што го погодија североистокот на Јапонија.

Во февруари корпорацијата „Тојота моторс“ овогодишната продажба ширум светот ја проектираше на 9,58 милиони возила.

Тојота соопшти дека кварталниот профит и достигнал 290,3 милијарди јени(3,7 милијарди УСД), што е за 1,1 милијарда повеќе од истиот период лани.

[custom_frame_center]Тојота планира поголема продажба [/custom_frame_center]

 

Извор: www.vesti.alfa.mk

Датум на објава: 03.08.2012

 

By | 2012-08-03T14:17:52+00:00 03/08/2012|Автомобили|