Наместо да се грижат за пациентите медицинските сестри од клиниката за детски болести сурфале на фејсбук и твитер. Директорката им го забранила пристапот до социјалните мрежи и размислува парично да ги казни.
Фејсбук забранет на Клиниката за детски болести. Менаџментот на установата одлучи од денеска медицинскиот персонал повеќе да нема пристап до социјалните мрежи. Компјутерите ќе ги користат исклучително за работните обврски.
Пред десетина дена директорката Софијанова уловила неколку медицински сестри кои наместо да се грижат за болните деца, ноќното дежурство го користеле за забава на овие мрежи.
Не ми падна пријатно бидејки сметам дека сепак во тој период тие што ги видов во тој момент требаше да бидат на друго место. веројатно ќе биде добра опомена за сите дека сепак она за кое што се они дојдени наменети да работат ќе им биде приоритет, вели Др. Аспасија Софијанова директор на детската клиника.
Не е исклучена можноста сестрите кои биле уловени на фејсбук да бидат казнети со помала плата наредниот месец. А со укинувањето на социјалните мрежи се согласиле поголем број од лекарите на Клиниката за детски болести.
Во светот сите јаки фирми а мислам дека и нашето општество навлегува во тој дел осетот и чувството за забава е дома и таму каде што го имаме времето одредено за тоа. Се знае работното време за што служи, додаде Софијанова
Но по интернет забавата не биле само медицински сестри од Детска. Според информации на Сител и вработени од други клиники ноќните дежурства ги поминувале на социјалните мрежи.
Дознаваме дека уште неколку здравствени установи побарале забрана за Фејсбук и Твитер.
Превземено: Сител
Датум на објавата: 06.08.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Сања Димитровска