Додавањето на сокот од грејпфрут во секојдневната исхрана кај заболените од рак во една клиника во Чикаго го засилило дејството на лековите за трипати, што им овозможило да ја намалат дозата на токсичните препарати и да се избегнат непријатните несакани ефекти.
[custom_frame_left][/custom_frame_left] „Сокот од грејпфрут и лековите, кои дејствуваат на сличен начин, може значително да ја зголемат концентрацијата на многу лекови во крвта на пациентите. Долго време овој феномен се сметаше како можна причина за предозирањето. Решивме да провериме дали консумирањето на сокот ја подобрува ефикасноста и биопогодноста на сиролимусот (лек за ракот -з.р.)”, објаснува раководителот на медицинскиот тим Езра Коен од американскиот Медицински центар на Универзитетот во Чикаго, чија студија од истражувањето е објавена во списанието Clinical Cancer Research.
Коен и неговите колеги се обиделе да ја подобрат ефикасноста на сиролимус, еден од најперспективните ант-канцерогени препарати коишто се појавија последните години. Овај лек се користи главно за подобрување на имунитетот при трансплантацијата на органи, но во последно време биолозите ги открија антиканцерогените својства на сиролимусот.
Како што пишуваат авторите на статијата, главната пречка за употребата на овој препарат се несаканите ефекти. Според нив, редовната употреба на оптималната доза на сиролимус од 90 милиграми во една седмица, предизвикува гадење и течна столица кај пациентите. Затоа, сите клинички испитувања на оваа супстанција биле ограничени на доза од 45 милиграми во една седмица.
Тимот лекари предводени од Коен се обидел да го заобиколи ова ограничување со додавање во исхраната на пациентите чаша сок од грејпфрут. За проверка на овој метод, лекарите тестирале група од 138 волонтери, кои страдале од неизлечиви форми на рак а се лекувале на клиниката во Чикаго.
Научниците испитаниците ги поделиле во три групи. Првите земале само сиролимус, втората група ја дополнувале својата дневна исхрана со една чаша сок од грејпфрут, а третата група земала сиролимус и кетоконазол, препарат кој ги зголемува ефектите на другите лекови.
Се покажало дека организмите на пациентите од втората и третата група подобро го поднесувале сиролимус отколку волонтерите од првата контролна група. Според лекарите, препаратот кетоконазол го зголемува ефектот за пет пати, додека сокот од грејпфрут ја зголемува ефикасноста на сиролимус за околу 3,5 пати. Тоа дозволило да се намали дозата до 16 милиграми во една седмица за пациентите во втората група и до 25 милиграми кај пациентите третирани со сиролимус и сок.
Според научниците, корисните ефекти од сокот се должи на фактот што хемиски активните супстанции во неговиот состав ги неутрализираат ензимите во желудниковиот сок, коишто ги разоруваат молекулите на сиролимусот и на другите лекови. Технологијата на производството на сокот, исто така, игра важна улога, лекарите имено морале да испробаат неколку брендови на сокови од грејпфрут пред да ја најдат соодветната алтернатива.
И покрај нешто пониската ефикасноста на сокот од грејпфрут, неговото консумирање има неколку предности во однос на кетоконазолот, во прв ред ниската цена и отсуството на несакани ефекти. Лекарите веруваат дека додавањето на сокот во исхраната на болните од рак, не само што ја подобрува нивната состојба, туку и истовремено ќе дозволи намалување на државната потрошувачка за производство и набавка на антиканцерогени препарати.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 08.08.2012