Следната генерација на „фолксваген голф”, популарно наречена „голф 7″, официјално ќе биде претставена на 4 септември, во Националната галерија за модерна уметност во Берлин. Првично идејата 6еше на Саемот за автомобили во Париз, но Германците ја променија одлуката.
Како што во моментот стојат работите, изгледот на новиот голф нема да биде познат се до премиерата. Од „фолксваген” се цврсто решени ниту една фотографија да не се појави во јавноста се до 4 септември.
Сепак, на интернет веќе се појавија неколку фотографии од моделот, но станува збор за тестмодел, кој е целосно залепен со црна хартија. Од нив можат да се видат само контурите на автомобилот.
„Голф 7″ ќе биде првото возило на „фолксваген” кое ќе биде базирано на „МQВ” платформата, која ќе ја користат и „ауди 3″ и „сеат леон”.
Првите информации говорат дека голфот ќе има 1,2 и 1,4 ТСИ агрегати, со систем за деактивирање на цилиндрите, во ситуации кога целокупната сила на моторот не е потребна.
Со текот на времето од компанијата ќе произведат и 1,6 и 2,0 ТДИ агрегати, а се планира и 2,0 ТСИ верзија, со две нивоа на сила и можност за ГТИ и Р верзии.
Можна и електрична верзија?
Новиот голф ќе биде првиот успешен сериски автомобил од „фолксваген” кој ќе има интегриран хибриден погон, а сериозно се размислува и за електрична верзија.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Фокус Дневен
Датум на објавата: 14.08.2012