Од 1 септември сините картони здравствените осигуреници ќе можат да ги подигнат од која било од 30-те подрачни единици на Фондот за здравство. Од следниот месец започнува и дистрибуција на 190 илјади електронски картички како и реализација на проектот Е-трезор. Со овие новини во здравството бил запознати и премиерот Никола Груевски на состанокот на кој присуствувале министерот за здравство Никола Тодоров, како и еминентни професори од медицинскиот факултет и клиниките.
Ако сте од Скопје и не сте ги подигнале сините картони а сте заминале во Охрид од 1 септември ќе можете да ги добиете во подрачната единица на Фондот за здравство во овој град. Ова како што соопшти директорката на Фондот за здравство Маја Парнарџиева Змејкова го овозможува ново воведениот софтверски систем.
До август секој осигуреник можеше да подигне сино картонче единствено во онаа подрачна служба каде што е регистриан односно каде што неговата фирма го има пријавено. Сега тоа е минато и од септември без разлика каде живеете без разлика каде работите и без разлика каде во тој момент сте можете по потреба сино картонче да подигнете веднаш од 30те подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување.
Втора новина според Парнарџиева е проектот електронска картичка. До сега се испечатени 190 илјади картички и тие се дистрибуирани до подрачните служби на Фондот и од следниот месец може да се подигнат од страна на јавните установи и министерствата.
Можеме слободно да најавиме дека како од септември што ќе почнат тие 190 илјади картички да се подигнуваат веќе од ноември дека за нив Фондот нема да има потреба да издава сини картоно бидејќи здравтвената картичка ќе може да се користи во приватното и јавното здравство како доказ дека лицето е осигурано.
Фондот за здравство е прва институција по банките која од септември ќе го вобеде и Е-трезор кој ќе овозможи електронско плаќање без физичко присуство на вработените од болниците и без носење на налози во подрачните служби на Фондот што значително ќе го забрза процесот и ќе ги намали трошоците.
Превземено: Македонско Радио
Датум на објавата: 23.08.2012
Термин: 15:30 часот
Автор: Нада Маричиќ