Вкупно 1.000 возила во Македонија ќе повика “Тојота” за сервис на прекинувачот за отворање и затворање на возачкиот прозорец, информираат од “Тојота автоцентар”. Возилата кои ќе се повикаат се произведени во периодот од 2006 до 2008 година, а сервисот на прекинувачот трае најмногу 30 минути и е бесплатен.
“Уочено е дека со тек на време прекинувачот, кој е сместен на возачката врата, може да почне да дава отпор при користењето. На американскиот пазар забележале дека при користење на обични комерцијални лубриканти за подмачкување на прекинувачот, може да дојде до појава на чад. За да се избегне ваква ситуација, ги повикуваме потрошувачите на сервис, како дел од глобалната превентивна сервисна акција во која ќе бидат вклучени 7,4 милиони возила низ целиот свет, од кои приближно 1,39 милиони во Европа”, велат од “Тојота автоцентар”.
На Интернет страницата на компанијата, според бројот на шасијата може да се провери кои возила би требало да одат на контрола.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.vest.com.mk
Датум на објавата: 16.10.2012
Автор: T.J.