Клиниката за детска хирургија во Скопје доби нови апарати за стерилизација на воздухот. Донацијата чија вредност е над половина милион денари ја обезбеди компанијата „Тинекс“ во рамки на платформата за општествена одговорност „Тинекс, ти и јас“. [custom_frame_right]
[/custom_frame_right]
Овие апарати за стерилизација на воздухот се за употреба во медицински установи каде што постои ризик од инфекции. Ќе овозможат соодветно прочистување на воздухот во болничките соби и во другите простории на Клиниката за детска хирургија и побезбедни услови за третман и престој, што е од исклучително значење за здравјето на децата кои тука се лекуваат.
Апаратите за стерилизација на воздухот се произведени во Македонија и претставуваат најмодерна технологија во оваа област.
– Ни претставува големо задоволство што имаме можност да ги подобриме условите во институција во која престојуваат дечиња и да го направиме нивниот престој тука колку што е можно попријатен и побезбеден. Нашата компанија и во следниот период ќе продолжи да поддржува и иницира вакви активности од јавен интерес, изјави Цветанка Христовска, претставник на „Тинекс“.
Клиниката за детска хирургија е единствена институција од ваков вид во земјава, каде што хируршки се лекуваат болести кај деца.
– Тимот на Клиниката за детска хирургија постојано работи на усовршување за да им понуди на пациентите најсовремен медицински третман. Но, освен стручниот третман важно е и во каков простор престојуваат. Ваквите иницијативи се за нас многу значајни бидејќи со заеднички напори и со партнерство ќе успееме болничките услови да ги подигнеме на повисоко ниво“, изјави д-р Ристо Симеонов, директор на Клиниката.
Компанијата „Тинекс“ на почеток на годината ја почна платформата „Тинекс, ти и јас“ како продолжување и интензивирање на активностите за заедницата што се реализираа во изминатите 18 години. Се спроведуваат проекти од интерес на пошироката заедница во различни области, уметност и култура, заштита на животната средина, спорт, здравство, образование и помош на социјално ранливи групи.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.denesen.mk
Датум на објавата: 04.12.2012