Рекордните Цени на Горивата на Дневен Ред

//Рекордните Цени на Горивата на Дневен Ред

Рекордните Цени на Горивата на Дневен Ред

Рекордните цени на горивата на дневен ред по враќањето на владиниот тим од Индија. Тогаш ќе се одлучува дали и на кој начин владата може да го ублажи ценовниот шок. Минатата недела горивата поскапеа за 3 денари и во моментов имаат историски највисока цена.

Цените на горивата под лупа. По враќањето на владината делегација од Индија, прашањето за се повисоките цени на бензините ќе биде ставено на дневен ред пред министрите, најавува вицепремиерот Пешевски. Владата ќе иницира и прегововори со ОКТА во текот на овој месец, но од нафтената комапнија зависи дали до нив ќе дојде.

Се работи за иницијатива од владина страна, да се измени договор за кој што е потребна согласност од двете страни. Ќе биде многу тешко да се натера своеволно од другата страна да прифати понеповолни услови од оние што ги има сега, рече Пешевски. Пешевски вели дека дури и да се најде начин за интревенција во методологијата по која се утврдуваат цени на дериватите, нема да има драстично намалување на цените во малопродажба.

Дури ако настане промена во насока во која што ние би сакале односно врз основа на 100 проценти реални параметри кои што одговараат на сегашната економска состојба во конечната цена на бензините тоа нема да биде преголема разлика бидејќи сепак е пресуден фактор во утврдување на цената на бензините е движењето на цената на бензините на суровата нафата на светскиот Пазар и курсот на доларот спрема денарот, рече Пешевски.

Минатата недела горивата поскапе за 3 денари по литар заради што и бизнис секторот и граѓаните бараат интервенција од страна на Владата слично како лани. Лани Владата го намали притисокот од високите цени на горивата со тоа што се откажа од дел од акцизата.

Превземено: Sitel

Датум на објавата: 05.03.2012

Термин: 19  часот

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

httpv://youtu.be/8pObbOxKOTo

By | 2012-03-06T06:32:15+00:00 06/03/2012|Нафтени деривати|