Нов хипермаркет се отвара во Скопје. Инвестицијата е вредна 4,5 милиони евра, а ќе отвори најмалку 40 нови вработувања.
На површина од над 3.000 метри квадратни, за две недели ќе стартува првиот хипермаркет во Скопје Брико Македонија, инвестиција тешка близу 4,5 милиони евра.
Оваа јавно приватна инвестиција во соработка со градот Скопје привршува, со што ќе се уреди и пешачка патка долж булеварот, за што ќе бидат издвоени дополнителни 15.000 евра, вели првиот човек на Брико Македонија.
Групациата Мр.Брицолаге е француско бугарска компанија, носител на франшизата за францускиот синџир на хипермаркети од сегментот направи сам. Оваа значајна инвестиција, кај нас за почеток ќе вработи 40 лица.
Во нашиот маркет ќе има околу 30 иљади артикли поделени во 8 сектори и тоа се: електрика, декорација, градежништво, бања, подови, плочки, градина итн.. За нас беше од пресудно значење да ги убедиме француските колеги дека Македонија е Пазар кој е интересен и Пазар на кои треба они да дојдат, што не беше лесно, изјава на генералниот директор на Брико Македонија, Благоја Пискачев.
Во следните 5 години планираат да отворат уште пет други маркети и во останатите градови.
По повеќемесечното уредување на продажниот центар во Скопје, на 29 Март – денот на отварањето, купувачите ќе можат да купат се за уредување на домот и градината, со врвна услуга и пристапни цени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7ZnY5ew_pOU
Превземено: Сител
Датум на објавата: 12.03.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Борис Грујоски