Нови договори со фондот за здравствено осигурување ќе склучуваат само специјалистите што досега работеа со сини картони. Ова не се однесува на избраните лекари од примарната здравствена заштита.
Стотина новоформирани специјалистички ординации нема да склучат договор со фондот за здравствено осигурување иако чекаат на ред. Министерот привремено го замрзна дополнувањето на здравствената мрежа што жачи дека од први април со сини картони ќе даваат услуги саамо тие што досега имаа договори. Специјалистите за уво нос и грло, психијатри, дерматолози интернисти, кардилози ќе почекаат министерството и фондот да ја одредат новата здравствена мрежа. Веќе се знае каде што неостига. Треба само да се додефинира, а потоа ќе се објавуваат конкурси за идавање услуги и дејности под концесии.
Промовираме еден нов модел на концесионерство за влез во мрежа и практично со поставувањето на мрежата ние треба да постигнеме во еден период однезнам 3, 4, 5 години да имаме целосно избалансирана распределба, појасни министерот Тодоров.
Исклучок од ова ќе бидат само избрањте лекари. Општите, гинеколозите, стоматолозите и педијатрите. И новоформираните ординацииќе влезат во новата здравствена мрежа дефинирана со новиот закон за здравствена заштита кој се очекува да биде донесен до крајот на месецов.
Фактички со замрзнување на мрежата, како што најави министерот, досегашната состојба е многу подобра за сегашните спцијалисте т.е. да го добиваат буѕхетот кој што го добивале до сега. Избраните лекари, бидејќи тие се плаќаат пер капита, тоа жачи дека целиот вкупен број на осигуреници носат одредени бодови и пари, тој ни е нас пресметан, дали се дели на 1000 или 1400 матични лекари не претставува финансиски проблем за фондот за здравствено осигурување, соопшти Бранко Аѕхигогов од ФЗОМ.
Аптеките се посебен сегмент за кој министерот смета дека ги има премногу според бројот на жители. Освен речиси 800 што имаат договор со фондот на ред чекаат уште седумдесетина. Ќе се прифатат нови концесии за аптеки само во регионите каде што нема доволно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Vmna54v-13I
Превземено: MTV1
Датум на објавата: 14.03.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Соња Стојановска