Неделен Берзански Преглед

//Неделен Берзански Преглед

Неделен Берзански Преглед

Редовниот неделен преглед на тргувањето со хартии од вредност.

Да проанализираме зошто на пазарот нереално се вреднуваат компаниите и покрај приливот на позитвини информации? Истите тие компании чии акции поефтинуваат, ќе делат дивиденди од ланската добивка. Ако минатонеделниот пад беше предизвикан од повратениот страв на маѓународните пазари, сега веќе и таму се смени расположението, кон подобро, секако. Кај нас кон полошо.

Продолжува краткорочниот тренд на намалување на пазарната вредност на македонските компании, што навистина делува нелогично! Од една страна имаме позитивни очекувања за развиените економии и зголемен оптимизам на странските берзи, од друга страна- најголемиот дел од македонските компании објавија позитивен резултат со значително повисоки стапки на дивиденден принос во однос на минатата година, а особено во однос на дивидендите на странските компании од дејностите на кои што припаѓаат.

Овие денови Алкалоид најави дека акционерите ќе добијат по 177 денари бруто по акција, додека пак Телеком и покрај намалувањето на нето профитот планира да подели дивиденда од 71,5 денари бруто по акција. Претходно Комерцијална банка објави дека ќе исплаќа бруто по 200 денари, а Фершпед по 3111 денари.

Но еве како се движеа цените на нивните акции и каков беше интерест за нивното тргување.

МБИ 10 заврши на 2080 индексни поени што е пад за 2,7%.

Вкупниот промет достигна 150 милиони денари без блок трансакциите и јавните понуди што е за 125% повеќе од минатата недела.

Акциите на Комерцијална банка беа најтргувани со промет од 15 милиони денари.

Најголем добитник беше Фершпед чии акции пораснаа за 980 денари.

Додека пак најмногу изгуби Макстил-10% од вредноста на акциите.

Причината за ваквите движења е што на македонската берза едноставно нема инвеститори! Решение на проблемот треба да се бара во анимирање на домашните индивидуални, а особено на институционалните инвеститори, дека на овие цени на акциите; со овие резултати на компаниите и со овие дивидендни приноси, далеку поголеми се шансите за погодок отколу за утка. На долг рок многу тешко дека ќе згрешат доколку дел од своите пари ги вложат во компаниите на македонската берза. За оние кои сакаат да профитираат, ова е добра можност… за да не се покајат!

Довидување до следната берзанска анализа на Алфа и КБ Публикум Инвест.

httpv://www.youtube.com/watch?v=io8_YE4EFFE

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 16.03.2012

Термин: 19.00  часот

Автор: Христијан Стојчевски

By | 2012-03-17T14:16:01+00:00 17/03/2012|Берза|